Профил profile for Домашно продажба

Домашно.мк: продажба

Домашно.мк е дигитална платформа специјализирана за промоција и маркетинг на земјоделски производи и рачни изработки, поврзување на произведувачите со пазарите, промовирање на локалните производи на национално и меѓународно ниво, збогатено со промоција на регионалната литература, уметност, туристички атракции, локалитети, тури и авантури, како и гастрономски ентитети од Пелагонискиот Регион.

Платформата ги поврзува локалните земјоделци, производители и автори со потенцијални купувачи и крајни потрошувачи, овозможувајќи им директна продажба на производите до крајните купувачи, без посредници, со можност за остварување на поголем приход од своите активноски и производи. Сите произведувачи се одбрани во согласност со стандардите за квалитет на Домашно.мк и Ви нудат производи со докажан квалитет. За да услугата биде целосна, тимот на Домашно.мк Ви овозможува достава на производите на Вашата домашна адреса.

Поддржете го трендот на поддршка на локалните производители, автори и бизниси кои го оддржуваат нашиот Регион!