Услови за користење при купување

Почитувани корисници,

Пред да започнете со користење на нашите услуги, Ве молиме внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страна, како и секое пазарење, потврдува дека сте ги прочитале следните услови и дека сте во целост запознаени и согласни со истите.

Оваа интернет-страна, со домеин www.domasno.mk, во сопственост на ЗРР Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, со седиште на ул. Маршал Тито бр. 92, Кривогаштани, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.domasno.mk, внимателно да ги прочитате.

ЗРР Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови, затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања, односно услови единствено достапни на одредени страни на оваа локација.

Со самата посета, или купување преку нашата интернет-страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. ЗРР Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата http://domasno.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата. Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб-страна е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб-страна. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

Сите информации во врска со трансакцијата купувач – е-комерц платформа, се сметаат за деловна тајна и треба да се третирааат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

УПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство.

Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

  • Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате;
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми; 
  • Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности; 
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб-страната; 
  • Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

КОМЕНТАРИ, ПРЕГЛЕДИ И ДРУГА СОДРЖИНА

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Domasno.mk ќе да ги отстрани сите пораки за кои цени дека се во горенаведените категории.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ЗРР Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР ќе се залага за достапност на својата интернет-страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност, односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ 

Цените на сите производи на www.domanso.mk се изразени во денари, а прикажаната крајна цена е со вклучен данок. 

ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување на корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.domanso.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер Уни Банка.

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака. 

Цената на испораката за територија на град Прилеп е бесплатна, и е организирана во рамките на ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР како сопствена достава.

За останатите градови, прво треба да се добиe потврда дека може да се изврши испорака, а испораката се врши преку компанија за транспорт на пратки и цената на истата зависи од крајната дестинацијата за испорака. За секоја нарачка, ќе добиете известување за цената на испорака.

Периодот за испорака зависен е од локацијата за испорака и достапноста на производот. Достапните производи, на територија на општина Прилеп се доставувани во текот на 48 часа од нарачката, додека на територијата на Република Северна Македонија, времето на исчекување е 2-5 работни дена. На територијата на општина Прилеп, ЗРР Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака за територија на градот Прилеп, или преку надворешни соработници за достава надвор од градот Прилеп. 

Пратките се доставуваат до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Производите нарачани за време на викенд и државни празници, ќе бидат реализирани во текот на првиот следен работен ден. 

Пред испораката на производот, купувачот ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за нарачка, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во Сабота по 16 часот, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

ПОЛИТИКА НА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДАЦИЈА НА ТРОШОЦИ

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на телефонските броеви 048 618 949 и 078 393900 или на нашата електронска адреса domasno.mk, во рок од 24 часа од моментот на доставувањето.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина, или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш ќе му биде вратена целокупната уплатена сума.

Доколку нарачката е со достава надвор од територијата на градот Прилеп, од крајниот износ ќе биде додаден трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, заедно со сите приложени документи. 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Domasno.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата, но имајќи ја во предвид моќта на техногијата, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. 

Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

ПОДДРШКА ЗА КОРИСНИЦИ

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонските броеви 048 618 949 и 078 393900, кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@domasno.mk.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ЗРР ЛАГ АГРО ЛИДЕР, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ