Еколошки восочни обвивки

Еколошки восочни обвивки

Еколошки восочни обвивки наменети за пакување на храна.

Еколошки и практични, со креативен дезен, изработени од памучен материјал и пчелин восок од македонските пчелари. Начинот на изработка овозможува обвивката да „дише“ со што храната подолго време е свежа.Восочните обвивки се наменети за чување на храна, особено на овошје, зеленчук, зачински растенија или леб (освен свежо месо и риба).  Со топлината на дланките еколошката обвивка омекнува и може секој следен пат одново и лесно да се обликува според формата на производите. Тие се амбалажа за повеќекратна употрeба, бидејќи може да се користат до шест и повеќе месеци.

Восочните обвивки се еколошка замена за еднократните пластични или алуминиумски фолии во кои најголемиот број од нас ја чуваат храната.

Сетот се состои од 4 восочни обвивки со големина

 ХS-10×10цм        30 ден,

  S-20×20цм         80 ден,

  M-30×30цм        120 ден,

  L -40×40цо        180 ден.

Цена на еден сет е 400 мкд, но може да се порача поединечно по големина согласно на Вашата потреба.

Употреба на еколошки восочни обвивки е наш придонес во заштитата на животната средина.

400,00ден.

Пробавте ли Еколошки восочни обвивки? Вашето мислење ни е важно.

0/5