„Влегување во песната“

„Влегување во песната“

„Влегување во песната“ содржи дваесетина куси раскази... тие го носат признакот на оригиналност, новост и актуелност не само кога извираат од дневникот, автобиографијата, напишаните и замислените епистули на авторката како уникатен хиперсензитивен поединец, кога се напојуваат од мемоарите и од сеќавањата за другите луѓе, туку и тогаш кога нурнуваат во познатата традиција и колективната културна меморија за одново да се варираат, да се ревидираат и да се актуелизираат како вечно интригантни, непоминливи и податливи за интертекстуална комуникација и за комуникација со читателите низ сите времиња. Присутни се најразлични постмодерни облици, есеизирани хибридни форми со употреба на документарен историски материјал или пак со вметнување на неуметнички текстови како на пример гастрономски рецепти; „расказ-во-расказ“, хронолошки инверзии и реминисценции, полифоничен наратор со мултиплицирани гледни точки, монтажи на фрагменти од биографското и имагинарното, мешање на природното со натприродното, на јавето со сонот, на нешто изворно македонско со нешто врвно светско, малку Рацин, малку Блаже, малку Чинго, малку Борхес, малку Пруст, малку Вирџинија, малку Силвија, малку Дубравка... многу Сузана, цела Сузана“. (Габриела Стојаноска- Станоеска)

360,00ден.

Пробавте ли „Влегување во песната“? Вашето мислење ни е важно.

0/5