Селечка Планина

Селечка Планина

Селечка Планина е средновисока планина која се наоѓа јужно од градот Прилеп помеѓу Пелагонија на запад и Мариово на исток. Долга е околу 30 километри, а широчината се движи меѓу 8 и 10 километри. Започнува, одвојувајќи се планината Дрен на север од каде сртот продолжува во јужна насока преку врвовите Паничиште (1421 м.н.в.) и Две Стени (1473 м.н.в.) до превојот Слива преку кој минува регионалниот асфалтен пат кон Мариово и Витолиште. Највисок врв е врвот Висока кој со со своите 1.472 м.н.в, а во јужниот дел е врвот Цаула (1434 м.н.в.). Од превоите покрај Скал, преку кој се поврзува северниот дел на Пелагонија со Мариово, значаен е уште и превојот Преслап (936 м.н.в.) преку кој комуницира Битолското Поле со Мариово.

Селечка има пирамидална форма, а со заострениот дел, го привлекува погледот од било која точка на двете области во ведар ден, претворајќи се во природна набљудувачница/опсерваторија. Планината има меридијански правец на протегање од север кон југ, чие било започнува на север од превојот Скала, а на југ завршува во долината на Црна Река.

Селечката Планина има должина во правец од север кон југ околу 10 часа. Таа е тесна и нерасклонета планина со каменест состав. При западното подножје се шири Прилепско-Битолското Поле, а под источното подножје е длабоката долина на Црна во Мариово.

Во почетокот на таа планина меѓу неа и врвот Козјак е Плетварскиот превој, по кој што минува патот од Прилеп за Градско, кој понатаму врви по долината на Раечка Река. Селечката планина и гореопишаната верига ја заградуваат од северозапад и североисток планинската област Мариово.

Шумскиот фонд е мошне редок и е претставен со листопадни шуми од даб и леска, а на зарамнетите падини има и ниска тревна вегетација. Мошне се развиени речната ерозија и денудацијата при што се создале скорешни облици кои на планината ѝ даваат атрактивен изгле На западната падина и дел од сртот на Селечка се одржува и Momata Rock Trail, планинска трка со динамичен интензитет, пред сè поради својата должина од 21 километар, и предизвикувачкиот висински профил. Траката инспирирана е од култната карпа наречена Момата, која достоинствено ги краси ниските делови на Селечка, над Селчанскиот манастир.

Други места кои се познати и атрактивни за локалното население и авантуристите се Манастирот Св. Димитрија (во непосредна близина на село Селце), месностите/местата наречени Козји трла, Казанташ, Дуна Нива, ридовите Топташ и Мечка, планинарскиот дом „Томе Темелкоски“, локалитетот „Домаќинско чешмуре “ и многу др. 

Фотографиите се отстапени од Александар Ристески, основач на П.Д. БРЕЗА.

Користени извори:

https://ekipa.mk/prikaznata-narechena-momata-rock-trail/

https://markukule.mk/се-наоѓа-во-прегратките-на-селечка-пла/

https://nomansland.info/selechka-planina-vrv-visoka/

 

 

, , , , , , , , , , , ,