Карневал ПРОЧКА

Карневал ПРОЧКА

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања.

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно - културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава на Балканот, Европа, па и во светот. Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат над 1000 групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно - уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза.   

Други настани во Прилеп

15
Oct
Саем на земјоделски производи
26
May
Прилеп Фолк Фест 2022
06
Mar
Карневал ПРОЧКА