„Уплавната вода, тагата“

„Уплавната вода, тагата“

„Уплавната вода, тагата“ е трета збирка поезија на сограѓанката Сузана Ѓорѓиевска во која поместени се педесетина песни.

„Збирката на Ѓорѓиевска надоаѓа како река од елегии, понорница која неочекувано избива на површината, предизвикува поплава од најразлични силни емоции и на крајот смирува со изедначувањето кое го предизвикува нејзиното повлекување. Се бришат границите меѓу минатото и сегашноста, меѓу постоењето и непостоењето, меѓу смртта и животот, меѓу тагата и храброста, меѓу болката и надежта, меѓу среќата и несреќата... Низ страниците течат најпрво интимните фамилијарни спомени за саканите луѓе: за преранопочинатиот татко, дедото, бабата, за мајката и сестрата; потоа течат местата низ кои се растело и созревало: семејната куќа со визбата, лозјето, нивите, колибите надвор од градот и во селата, гробиштата и местата означени како „наши“ кои ја чуваат тајната за љубовта; се разгрануваат во обилни речни сливови приказните за познатите големи имиња и за непознатите безимени, но значајни луѓе, за бездомникот со кавалчето, за Трајко Пенков, за Стева Ѓуракова, за невестата, за мајката која првпат го подојува своето чедо...“ (Габриела Стојаноска – Станоеска).

Ликовно-графичко обликување на корицата: Лидија Митоска-Ѓеорѓиевска, Бисера Ѓеорѓиевска
91 стр.

240,00ден.

Пробавте ли „Уплавната вода, тагата“ ? Вашето мислење ни е важно.

5/5