Козјо сирење

Козјо сирење

Козјото сирење е одличен избор за сите кои сакаат да одржат здрава телесна тежина. Тоа обезбедува поголема количина на калциум во однос на сите други сирења. Освен тоа што го одржува здравјето на коските, калциумот значително го подобрува согорувањето на мастите по оброците. Токму затоа, козјото сирење се препорачува како дел од исхраната кај лицата кои сакаат да го намалат вишокот килограми.
Масните молекули присутни во козјото сирење имаат структура која овозможува лесна апсорпција и дигестија од страна на организмот. Истражувањата покажуваат дека и лицата со лактозна нетолеранција можат да го поднесат козјото сирење, за разлика од останатите млечни производи. Исто така, козјото сирење содржи умерена количина на пробиотици што дополнително ја олеснува дигестијата и го подобрува здравјето на системот за варење.

Минималната колична којашто можете да ја нарачате е 3 кг. (750 ден.), поставено за автоматско купување. Доколку сакате да нарачате 5, односно 10 кг., Ве молиме да одберете во полето Грамажа.
Максималната колична која можете да ја порачата е 40 кг. (Наведете во коментар, при реализација на нарачката).

Пакет

750,00ден.

Пробавте ли Козјо сирење? Вашето мислење ни е важно.

0/5