„И каменот има душа“

„И каменот има душа“

„И каменот има душа“ е насловена поетската книга од македонскиот поет Филип Димкоски, во издание на „Академски печат“ од Скопје (2020). Станува збор за необичен концепт, односно книга што содржи една песна напишана во оригинал на македонски јазик и нејзините препеви на уште тринаесет словенски јазици, односно на сите словенски јазици што активно се говорат денес. Над дваесет преведувачи, лектори, научници од областа на јазикот и книжевноста од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Русија, Белорусија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Босна и Херцеговина вложија свој труд во создавањето на оваа книга, за која поговорот го напиша докторката по филолошки науки Наталија Лапаева Ристеска.

– Читањето на препевите на песната „И каменот има душа“ од Филип Димкоски е еден фасцинантен процес што носи радост за откривање и проширување на литературните хоризонти. Ова е можност да се увидат од една страна сличностите во јазиците, а од друга страна нивните разлики, а сето тоа нѐ упатува кон размисла за корените на постоењето, за културите, писменоста, духовноста на словенските народи, како и за индивидуалните историски судбини и менталитет на секој од нив. Како што е познато, менталитетот на еден народ може да се осознае токму преку јазикот – пишувa Ристеска во својот поговор кон книгата.

Автор на корица, илустрации и графичко обликување: Владимир Здравески.
Лектура: Нада Алексоска.
Број на страници: 48.

720,00ден.

Пробавте ли „И каменот има душа“? Вашето мислење ни е важно.

0/5