„Во градината има само љубов“

„Во градината има само љубов“

„Во градината има само љубов“ е збирка поезија инспирирана од исконската љубов и врска помеѓу човекот и природата. Во градината има само љубов. Во која градина? Градината во вашиот двор, лирската духовна градина на поетот или онаа рајската? Тоа на свој начин ќе го откриете и ќе го почувствувате вие, драгите читатели и вљубеници во поезијата.

„Поетската четкичка на Димкоски со леснотија и во еден потег создава чудесни слики, пејзажи што одеднаш и неочекувано се овековечуваат со сите свои мириси, бои и вкусови. Токму низ една таква импресионистичка постапка се создадени антологиските песни Бакнежи од минливоста, Сонце на денот, Се спасивме“ (проф. д-р Васил Тоциновски, универзитетски професор, критичар и писател).

„Необичната структура на оваа книга, секако ја прави единствена. На секој циклус му претходи песна исткаена од најсилните стихови од песните во циклусот што следува. На самиот крај се наоѓа песна што може да се толкува и како поговор, но и како идејна суштина на книгата, еден вид ода, благодарница, заклучок, поука“ (м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ, професорка, поетеса и критичарка од Србија).

„Новата стихозбирка на македонскиот поет Филип Димкоски е поетска Библија, полна со љубов и мудрост, светлина и убавина-пат на надежта за спасение на човечката Душа која само треба да стане дел од Градината на Природата и својот пулс да го слее со нејзиниот“ (Ина Крејн, професорка, писателка и критичарка од Бугарија).

„Филип Димкоски е поет. Иако никој не му покажал како да ги ниже зборовите, иако не добил параф дека датил ука за песната, таа самата му се привива. И самиот ќе каже „...Како вода на извор што притиска камен, како што се издига огнен пламен, доаѓа песната...“. Зар не е тоа љубов? (проф. д-р Гордана Попсимонова, универзитетска професорка и колумнистка).

Книгата е објавена на бугарски јазик во 2019 година и наиде на добар прием кај љубителите на поезијата во Стара Загора и Софија каде беше промовирана. Годинава се очекува од печат да излезе српското издание на оваа книга.

Предговор: д-р Александар Димкоски.
Автор и дизајн на корица: Кристијан Јованоски.
Лектура: Кристина Велевска.
Број на страници: 80

300,00ден.

Пробавте ли „Во градината има само љубов“? Вашето мислење ни е важно.

0/5