„Драми“

„Драми“

Драмите отвораат општочовечки, а ретко обработувани табу теми кои може да се воочат и преку локациите на дејствата. Во „Трудници“ тоа се брачниот кревет, тоалетот како место за проверка на тестот за бременост, чекалница и стол за преглед во приватна и државна гинеколошка амбуланта, операциона сала, болничка соба на гинеколошка патологија во Државна болница во која трудници од различни краишта на Македонија абортираат со раѓање во поодмината бременост заради најразлични биолошки и социолошки причини. Покрај интимните трауми на жената, страдањата на останатите членови од семејството, се отсликува и уделот на општеството во ваквите проблеми, а трудниците се поддржуваат да си ги прифатат слабостите, како и доблестите, и да се изборат со пречките до остварувањето на посакуваната цел.

Драмата „Тајни“ има две драматуршки линии. Дејството на едната се одвива на паркинг, во природа ноќе, на кој три љубовни двојки во автомобилите се во различни ситуации на љубов и страст, но и на кавги и расчистување на недоразбирањата при што отворањето на скриените карти и премолчените нешта се согледува како неопходен предуслов за да може да се развива љубовната врска. Другата локација е обична детска соба во куќа во која возрасните моментално не се присутни, па девојчињата се препуштаат на скриените и „забранети“ игри карактеристични за периодот на растење и запознавање со сопствената сексуалност, со своето и туѓите тела. Покрај искреноста во темите, двете линии ги обединува искреноста во однос на самата драмска форма. Одлика на двата драмски текста е документаристичкиот пристап во градењето на ликовите и до максимум искрениот монолог и дијалог кои се излез од дехуманизацијата и клуч кон вистинското спознавање на себеси и на другите како дел од една заедничка целост.

360,00ден.

Пробавте ли „Драми“? Вашето мислење ни е важно.

0/5