„DELIRIUM TREMENS“ Благоја Ристески Платнар

„DELIRIUM TREMENS“ Благоја Ристески Платнар

Благоја Ристески Платнар (1949-2004) е еден од најважните македонски писатели со објавени седум драмски текстови, неколку прозни книги, две поетски збирки и автор на многубројни колумни, сценарија, синопсиси и документарни филмови. Неговите драмски текстови се преведени и поставени на сцените во Англија, Чешка, Полска, Русија, Франција, Романија, Србија, Словенија, Турција и Бугарија. За драмските текстови „Спиро Црне“ и „Лепа Ангелина“ ја има добиено наградата за најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“ во 1989, односно 1996 год.
DELIRIUM TREMENS е неговиот прв драмски текст (монодрама), напишан на почетокот на 1980 год., досега необјавен и неизведуван на македонските театарски сцени.
Предговор на Ферид Мухиќ, 50 стр.

120,00ден.

Пробавте ли „DELIRIUM TREMENS“ Благоја Ристески Платнар? Вашето мислење ни е важно.

2.5/5