Одбележување на денот на ослободување на Крушево

Одбележување на денот на ослободување на Крушево

8-ми септември Крушево го прослави чествувајќи два празници. Имено се одбележа Денот на независноста на Република Македонија но и Денот на ослободувањето на Крушево.

По тој повод беше положено свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и беше одржана свечена Седница на Советот на Општина Крушево на која беа доделени пофалници и соодветни парични награди на ученици од IV – IX одделени, првенци на генерација од ООУ „Никола Карев,“ за врвни достигнувања во областа на образованието:

IV одделение – Теодор Николоски

V одделение – Ванѓели Петрушу

VI одделение – Димитар Чавкароски

VII одделение – Марија Стојаноска

VIII одделение – Анастас Маја

IX одделение – Томислав Павлоски

Исто така беше доделено признание на Ставре Јада од Крушево за посебен придонес и афирмација на Општина Крушево во областа на спортот.

Осмосептемвриската награда, најпрестижното признание на Општина Крушево, беше доделено на Воздухопловна Федерација на Македонија за нејзиниот посебен придонес за развој на општината во областа на унапредување на спортот, туризмот и афирмацијата на Крушево преку змајарството и параглајдерството – адреналински спортови по кои Крушево секако стана препознатлива дестинација.

Во својот говор Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески ги поздрави присутните, им честиташе на добитниците на пофалници и признанија посакувајќи им уште поголеми успеси и презентирајќи ги проектите кои во изминатиов  период се реализирале или се во тек на реализација истакна дека – „Можеби како локална самоуправа не направивме чуда , но успеавме да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, а со цел подобрување на секојдневните услови за живот. И во периодот што следи, со несмален ентузијазам и посветеност, следејќи ги Вашите мислења и сугестии како и сметајќи на Вашата поддршка ќе работиме за доброто на сите нас“.

Одбележувањето на 8-ми Септември продолжи со концерт на македонски патриотски песни аранжирани во класичен стил со византиски призвук. Андреј Наунов – пијано, Ернест Ибраимовски – баритон, Гонца Богоромова-Краповски – сопран и Влатко Груевски – тенор, кои по овој повод ја почестија публиката со прекрасен концерт беа прифатени со голем аплауз од присутните гости  кои видно уживаа во нивните звуци.

Содржината е превземена од: ОПШТИНА КРУШЕВО

Други настани во Крушево

15
Aug
Крушево низ корија
05
Sep
OZONE KRUSEVO OPEN 2020
27
Sep
Taste Krusevo – Фестивал на храна и култура
Одбележување на денот на ослободување на Крушево