Манастир Свето Преображение - Зрзе

Манастир Свето Преображение - Зрзе

Зрзе е православен манастир од 9 век, кој се наоѓа на 34 километри северо-западно од Прилеп, во Горна Пелагонија, на речиси 1000 метри надморска височина. Во времето на св. Климент Охридски, во втората половина на 9 век, зрзеската бигорна карпа ја населуваат монаси. Во средината на 14 век, монахот Герман подигнува општежитие со црква која ја посветува на празникот на исихастите, Свето Преображение Христово. Од 1998 година, со вжителувањето на монашката заедница, манастирот Зрзе се возобновува во општежителен машки манастир. На почетокот на 21 век, по третпат во својата историја, зрзескиот манастир станува епископско седиште на епископот Климент Хераклејски, секретар на САС на МПЦ-ОА.