Крушево низ корија

Крушево низ корија

Драги наши !!! 


Со голем мерак ја најавуваме шестата епизода од фестивалот на отворено,  Крушево низ корија. Новите протоколи за начинот и условите за организирање на настани нема посериозно да ја нарушат традиционалната програмска шема на фестивалот.
Секој учесник на фестивалот треба најпрво уредно да ја пополни апликацијата за пријавување која што е веќе објавена кај организаторот,  ќе добие ваучер и белезица со кој ќе може да ги користи сите услуги и погодности што ги нуди фестивалот, како што се :

1. Учество на MTB турите (мала и голема);


2.  Учество на планинарската тура;


3. Можност за летање со параглајдер по повластена цена;


4. Сувенир маичка и марама со логото на фестивалот;


5. Освежување со производите на пријателите на фестивалот на постојните пунктови;


6. Присуство на планински и велосипедски водичи ;


7. Присуство на мобилна сервис служба која ќе работи на отстранување на дефектите, доколку настанат при возењето;


8. Присуство на служба за спасување;


9. Спомен ТАПИЈА за учество на фестивалот;


... сето ова ќе ве чини 400 денари..повелете пријавете се...пријавувањето веќе започна 

- Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале во средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години.Во 80% од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење.
Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости.
Потребна опрема: разгазени планинарски обувки, стапчиња за планинарење, капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен UV фактор.

Недела 16.08.20г Старт 10 ч.
Мечкин Камен

- Рекреативна велосипедска тура низ Крушевските знаменитости
Недела 16.08.20г Старт 10:15 ч.
Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671367408

-Офроуд велосипедска тура низ Крушевската корија
Недела 16.08.20г Старт 10 ч.
Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/2631660518

- Покрај велосипедската и планинарската тура, традиционално продолжуваме со тандем летови со параглајдер. Учесниците на фестивалот ќе го имаат задоволството да летаат со професионалните пилоти на SKY RIDERS по повластени цени. Летот ќе чини 2000 денари со вклучено фотографирање и превоз до полетувалиштето на Мечкин камен. Ако уште не сте летале со параглајдер и не сте ја погледнале Пелагонија од птичја перспектива, искористете ја шансата !!!
Недела 16.08.20г Старт 09.00ч

ВАЖНО!!!!!


1. Секој учесник да ги почитува мерките од пропишаните протоколи за справување со COVID вирусот.


2. Ќе се вози/планинари под посебен протокол со запазено соодветно растојание помеѓу рекреативните учесници, а во зоната пред стартот задолжително ќе биде носење на заштитна маска/бандана и дезинфекција. Секој пријавен рекреативен учесник е должен да потпише изјава за самостојна одговорност каде има вметнат дел кој се однесува за свесноста за ризиците од Ковид-19 и придржување до препораките за заштита.


3. Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.


4. За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.


5. Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или другите учесници.


6. За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.

7. Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.

8. Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека.

 

Деновиве што доаѓаат континуирано ќе ве информираме за начинот на пријавување, стартниот пакет и за актуелните протоколи и мерки за заштита, спречување и ширење на корона вирусот.

Чувајте се !!!

#домасиедома

Содржината е превземена од: https://www.facebook.com/events/583760505500660/

Други настани во Крушево

15
Aug
Крушево низ корија
05
Sep
OZONE KRUSEVO OPEN 2020
27
Sep
Taste Krusevo – Фестивал на храна и култура
Одбележување на денот на ослободување на Крушево